25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Недостатокот на напредок од 2008 до 2017 година ја доведе до прашање демократијата, што ескалираше со оној инцидент на 27 април

„Треба да ги извлечеме поуките од минатото. Во 2008 година ни се чинеше дека имаме луксуз да чекаме и дека не е многу итно да се реши прашањето со Грција, дека со текот на времето ќе се зајакне нашата позиција, дека ќе добиеме нови сојузници во ЕУ и сето тоа траеше до одредена точка кога тој недостаток на напредок почна да пречи на внатрешните односи, да ја доведува во прашање демократијата, назадување во сите полиња што ескалираше со една сериозна политичка криза во 2015 и 2016 година од којашто тешко излеговме цели три години и ескалираше со оној инцидент на 27 април. Мислам дека граѓаните не се доволно свесни колку скапо не чинеа тие 10 години“, изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања во утринското гостување во емисија на „Слободен печат“.

Тој додаде дека прашање е дали наредните 10 години ќе се искористат правилно.

„Во наш интерес е да чукаме на таа врата затоа што последиците ќе бидат по нас. Животниот стандард ќе заостанува, можностите да ја изградиме инфраструктурата побрзо и подобро со европски пари наместо само со буџетски пари или кредити и заеми ќе ја пропуштиме ние. Милијарди за земјоделците наместо милиони што ги има сега, ќе ги пропуштиме ние, зајакнување на малите бизниси, што е едно од најглавните приоритети на заедничкиот пазар на ЕУ. Тоа ќе биде само на наша штета“, посочи Маричиќ.

Тој заклучи дека секој загубен ден од ЕУ ќе биде загуба за нас, а не за ЕУ. Идентитетот се докажа дека нема да биде загрозен. Зачленувањето во ЕУ е најдобра точка на заокружување на нашата државност.