18.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Во моментот кога ќе ги направиме уставните измени веќе нема други пречки и веднаш ќе биде свикана втората меѓувладина конференција и ќе го отвориме првиот кластер

„Досега направме се што можеше да се направи без уставни измени. Во моментот кога ќе ги направиме уставните измени веќе нема други пречки и веднаш ќе биде свикана втората меѓувладина конференција и ќе го отвориме првиот кластер. Тоа отвара сосема друг спектар на можности. Ќе вадиме преговарачки позиции, ќе се операционализираат сите патокази, ќе бидат преточени во услови од ЕУ. Ќе има повеќе пари и повеќе можности. Влегуваме во еден друг процес којшто зависи повеќе од нас а помалку од другите“, изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања во утринското гостување во емисија на „Слободен печат“.

Тој додаде дека борбата е процесот да зависи повеќе од нас, а помалку од другите. Досега имало лоша причина или добар изговор дека не може ништо да се направи, односно дека Бугарија, Франција, Грција не кочи.

„Сега имаме преговарачка рамка, пак ќе имаме отворени прашања со државите членки, бидејќи сите имаат свој интерес, дали се работи за месната индустрија во Шпанија. Наше е сите тие работи да ги надминеме во најскоро време за да влеземе во ЕУ. Кога ќе влеземе во ЕУ поинаку се однесуваат сите кон нас“, посочи Маричиќ.

Тој додаде дека тој процес е доволно долг, но и доволно силен да се надминат сите недостатоци.

„Ништо во оваа држава не е неостварливо во текот на преговорите за ние да се плашиме од нив“, заклучи Маричиќ.