-Успешните енергетски политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија, соопшти СДСМ.
„Оваа година започна со намалување на сметките за струја и тоа за 5% во првиот блок, додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти.
Во време на светска и економска криза СДСМ ја врати евтината тарифа на струјата од 13 до 15 часот.
Домаќинствата сега имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во неделите.
Со ова намалување едно просечно семејство сега има заштеда на сметките за струја од 1.000 денари месечно.
Обезбедени се средства за продолжување на мерката за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи.
За над 600 илјади домаќинства во државата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%.
Субвенционирана струја имаат и 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор.
Со СДСМ граѓаните добиваат повеќе.“ – се вели во соопштението.