15 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, приведен дилер

Вчера, во 16.15 часот полициски службеници од ОВР-Кавадарци го лишиле од слобода О.Н.(27) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари. По претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје од Кавадарци извршиле и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана. О.Н. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.