22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Криза ја тресе и богатата Германија. Како се снаоѓаме ние?

Ширум Германија работниците веќе втор ден ги блокираат федералните патишта и влегуваат на автопатите, а делови од сообраќајот се парализирани.

Протестираат железничарите, возачите на камиони, земјоделците, занетчиите и други групи работници поради најавените владини мерки за штедење, кои се дел од пакетот за пополнување на дупката од 17 милијарди евра во буџетот за 2024 година.

Незадоволството е поради висината на платите и условите за работа, намалување на субвенциите, поскапување на патарините…

Земјоделците велат дека планираните намалувања ќе ја загрозат нивната егзистенција и конкурентноста на германското земјоделство и предупредија дека од 8 јануари ќе бидат „присутни насекаде на начин на кој земјата никогаш досега не доживеала“.

Превозниците се загрижени за повисоките патарини, додека некои лекари може да одлучат да ги затворат своите ординации од 9 јануари како поддршка на барањата на медицинската професија за поголема владина поддршка за преоптоварениот систем.

Кризата не ги поштеди и големите земји како Германија, но како се снаоѓаме ние?

Македонија, со носењето на повеќе пакети антикризни мерки – поддршка за граѓаните и компаниите, засега успешно се справува со кризите.

Со најновиот пакет мерки во Македонија се дели помош за пензионерите, земјоделците, ранливите категории граѓани, учениците, студентите…

Со деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра опфатени се 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании.

Покрај тоа, во изминативе неколку години значително пораснаа платите во сите сектори. Пораснаа платите за наставниците, лекарите, полицајците, војниците… Но, пораснаа платите и во приватниот сектор. Минималната плата се зголемува секоја година, а просечната достигна 630 евра, што е за 270 евра повеќе во однос на 2016 година, кога изнесуваше 360 евра.

За земјоделците, исто така, обезбедена е дополнителна поддршка од 20 милиони евра до крајот на годината. За прв пат, започната е и авансна исплата на субвенциите во висина од 30%, со примена на новиот модел на субвенционирање.