15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Божик е време на нови почетоци

Честитка од министерот Спасовски по повод Божик – Рождество Христово

„Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник Божик – Рождество Христово, со желби за добро здравје и просперитет.

Во овие свети денови, кога православниот свет го прославува раѓањето на спасителот Исус Христос, се потсетуваме на неизмерната љубов која нè учи на разбирање, сочувство, толеранција. Тој ни донесе порака за мир, учејќи нè на важноста на безусловната поддршка.

Божик е време на нови почетоци, на победата на светлината над темнината и на верата која нè води низ предизвиците на животот. Нека Христовото раѓање ги просветли нашите умови и души, охрабрувајќи нè да градиме европско општество на мир и соживот.

Со топлина во срцето и благодарност во мислите, ви посакувам убави Божикни празници, исполнети со радост, мир и хармонија.

Христос се роди!“

Можеби ќе ве интересира

Познатиот црногорски пејач се прости од Панчо: Од првиот ден те гледав како брат

C +

„Или си СДСМ или не си“ – реагира Филипче на фотографијата со Црвенковски, Пецаков и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ДУИ реагира на црната кампања за кандидатот Дехари

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.