25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Најавите за блокирање на Собранието од албанската опозиција не се ништо ново, македонската опозиција веќе четири години блокира

„Не се ништо ново најавите за блокада на Собранието од албанската опозиција. За волја на вистината, македонската опозиција го блокира веќе четири години“ рече премиерот Димитар Ковачевски.

Албанската опозиција најави блокада на Собранието доколку не се избере нивни член на ДИК, за што премиерот рече дека сепак разговорите мора да се водат во Собранието.

„Се надевам дека до крајот на мандатот нема да има повеќе блокади“ рече Ковачевски.

Премиерот одговарајќи на новинарски прашања рече дека се уште не биле договорени деталите околу европски фронт со ДУИ, а за комуникацијата со ВМРО-ДПМНЕ рече дека има постојана комуникација на ниво на потпретседатели. Запрашан за евентуална средба со опозицискиот лидере Мицкоски, тој рече дека нема потреба од тајни средби.

„Кога ќе имаме средба таа ќе биде средба која ќе се случи во јавен простор, дали во клуб на пратеници, дали во Собрание, дали на улица ‘Македонија’, сеедно“ рече Ковачевски.