16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Предновогодишни претреси во Штип, пронајдени дрога и пиштол, приведен дилер

На 30.12.2023 околу 19.15 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода лице(41) од Штип. При претрес, извршен со судска наредба, во неговото возило и во канцеларијата што ја користи, во неговото возило биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмети со остатоци од бела грутчеста материја.

Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пиштол „Пјетро Берета“ со рамка со осум куршуми, 83 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

C +

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +