5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова измама со брзите кредити – Се обидел да подигне пари со туѓа лична карта, полицијата му затропала на врата

Измамите со брзи кредити во последниве години станаа честа појава во Македонија при што десетици македонски семејства беа жртви и останаа заглавени во долгови. Затоа се сменија законите и пристапот до брзите кредити.

Ама тоа не го спречило младиот кичевчанец А.Е.(28) од с.Аранѓел да се обиде да подигне брз кредит со лична карта која не била негова и без добиена согласност. Затоа полициските службеници на 27.12.2023 година од пред кредитното друштво на булеварот “Ослободување“ го уапсиле А.Е. и против него ќе биде покрената соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.