Интегрален текст од денешната прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Започнува исплатата на финансиската поддршка за пензионерите со новиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра.
Над 187.000 пензионери со пониски пензии може да ги очекуваат парите на своите сметки, директно, без да аплицираат.
Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат вкупно 15.000 денари финансиска поддршка.
Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат 10.000 денари поддршка.
Нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 7.500 денари.
Со СДСМ пензионерите добиваат повеќе. Тоа е нашата грижа за сите, со СДСМ има повеќе за сите.
Ние мислиме за секого, не носиме популистички предизборни решенија туку системски решенија кои имаат ефект на долг рок.
Еве и зошто.
Во изминатиот период СДСМ со системски решенија и нова методологија ги покачи пензиите во просек 5.000 денари, споредбено со времето кога владееше ДПМНЕ.
Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога на власт беше ДПМНЕ.
Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ.
Пензионерите со СДСМ се почитувани, и го добиваат тоа што им е заслужено, ние креираме политики за спокоен живот на нашите повозрасни сограѓани.