24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Галевски како портпарол на Дедо Мраз: Им посакувам на сите успешна 2024 година, добрите и љубезните луѓе ќе поминат, тешко дека некој со зло ќе просперира

„Многу работи се добро направени. Има големи ветувања и мислам дека тоа несогласување и недоразбирање на политичкиот естаблишмент не кочи. Постојано сме во некаква транзиција, криза. Јас сум оптимист за 2024 година, само од еден агол – да се подобри човекот, да биде љубезен, да биде добар. Добрите луѓе ќе поминат, љубезните ќе поминат. Тоа е формулата. Во овој зовриен свет тешко дека некој со зло ќе просперира“, рече портпаролот на Дедо Мраз Влатко Галевски во утринска програма на Слободен.

Тој дополни дека тоа не е апел, туку е она што меѓу другото го кажува и неговиот претпоставен Дедо Мраз, дека треба да има слога и љубов меѓу луѓето, разбирање, добрина, чесност.

„Им посакувам на сите гледачи успешна 2024 година. Што значи успешна година? Стабилност. Генерално во оваа држава недостасува стабилност, недостасува една сигурност во која треба да веруваме, како на економски план што е многу битно за нас како мала држава. Ние не знаеме да се разбереме како што треба, тоа е она лоша перспектива. Целиот овој век да поминеме така, не само 2024.“, посочи Галевски.
Тој заклучи дека нашата земја е дел од глобалниот свет и како се менува тој се менуваме, но за жал светот оди кон добри работи, а ние сме застанати во времето.