27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Гоцевски: Потребен е консензус за државните и националните интереси, иако имавме за ОН, НАТО и ЕУ, одредени групации не застануваат зад тоа

„Првото клучно прашање кое секој добар аналитичар го поставува е немањето слух за државните и националните интереси на државно ниво, зад кои се застанува и не се напуштаат за 50-100 години. Се настојуваше повеќе пати тоа да се направи и не се случи. Иако имавме консензус за зачленувањето во ЕУ, НАТО и ОН и денес одредени групации сепак не застануваат зад тоа“ рече Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана и член на Советот за безбедност во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека потребен е национален консензус бидејќи во ЕУ, НАТО или ОН влегува целото македонско општество, а не само еден дел.

„Затоа се бара национален консензус и единство, за да можеме тие интеграции да ги довршиме“ потенцираше Гоцевски.

Тој додаде дека не може со балкански манири да сакаме и бидеме модерна Европа и дека не треба да ја засечуваме државата за бизнис и други интереси.