27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Оваа година е исплатена рекордна сума од 39,6 милиони евра финансиска поддршка за 513 домашни компании

„Оваа година исплативме рекордна сума на финансиска поддршка кон компаниите. 39,6 милиони евра се исплатени кон 513 компании, кои а во минатата 2022 година реализирале вкупни инвестиции од 153,3 милиони евра“ истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прес-конференција.

Тој додаде дека преку оваа поддршка се јакне довербата и партнерскиот однос помеѓу стопанството и институциите, бидејќи ако порано постоел страв да се побара било каква поддршка од државата, затоа што тоа значело инспекции и уцена, денеска имаме сосема поинаква слика.

„Не само на редовна исплата, која пред 2 години ја направивме и во две годишни транши за да ги помогнеме компаниите во нивната ликвидност за време на кризата, туку и од 2020 година со почетокот на мојот мандат, имаме 100 пронцети исплата на државната помош“ рече Битиќи.

Вицепремиерот исто така истакна дека се работи и на рамномерниот регионален развој и дека инклузивноста и дадената шанса е единствениот соодветен одговор, како и позитивната дискриминација додека не се поправи направената штета.

„Оваа година имаме најголема регионална распределба на средствата од било која година претходно. 70 отсто од поддржаните компании како и исплатени средства се кон компани надвор од скопскиот регион“ рече Битиќи.