24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

МТСП: Нови 54 места во дом за стари лица во Пробиштип

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потпишаа договор за изведување на градежни работи со цел пренамена на јужното крило на здравствениот дом „Неда Михајлова“ во дом за стари лица. Изградбата на домот е согласно програмата на Владата на Република Северна Македонија за изменување и дополнување на програмата за изградба, опремување и одржување на објектите за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година.

Домот ќе има капацитет 54 лица, додека за проектот за адаптација се предвидени да бидат инвестирани над 8 милиони денари со вклучен ДДВ за опрема и над 34 милиони денари со вклучен ДДВ од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за време на потпишување на договорите истакна дека по примерот на Општина Пробиштип сите општини треба да бидат проактивни и да предлагаат проекти со кои ќе овозможат еднакви можности за сите граѓани во сите општини.