27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Претрес во струмичко, пронајдени 5.880 парчиња пиротехника

Денеска, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.И.(54) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопшти МВР.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.