„На претседателските избори во април 2024 година во првиот круг ќе победи претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и поддржан од коалицијата која дели исти вредности, а тоа е европска интеграција, владеење на право, економски просперитет и социјална правда. На парламентраните избори исто така ќе победи коалицијата предводена од СДСМ“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека коалицијата предводена од СДСМ има паррии кои делат исти вредности, а тоа е Северна Македонија членка на ЕУ и НАТО, земја со економски просперитет, одлични односи со соседите, со релаксирани внатрешни односи на сите етнички заедници и интересни групи кои живеат во државата.
„На изборите ќе излеземе со она што сме го направиле и со победничка изборна програма која е во подготовка и навреме ќе биде направена. За тоа како ќе изгледаат листите и коалицијата има процес кој зависи од истражувања, усогласување на програмите комплетно и кадровско усогласување. Тој процес се уште не е завршен“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека СДСМ веќе започнува со изборот на кандидатот за претседател, по што ќе следуваат разговорите со коалициските партнери.