12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

411 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 411 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 221 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 190 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Голема ноќна полициска акција на повеќе локации низ Скопје – 12 лица паднаа во раце на полицијата

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.