14.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ја покачивме просечна плата на 39.000 денари, велат од СДСМ

-Економските политики на СДСМ даваат конкретен резултат, континуирано расте просечната плата. СДСМ ја зголеми просечната плата на речиси 39.000 денари, односно 630 евра. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра, соопшти СДСМ.

„Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денеска.

ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците, го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници.

За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни.

Во октомври растот на просечната плата е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат конкретни резултати.

Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе.“ – се вели во соопштението.