14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Планот за раст е најконкретна порака од ЕУ дека ја очекува Северна Македонија како членка до 2030 година

„Планот за раст е најконкретната политичка порака од Европската Унија, дека ја очекува Северна Македонија во европското семејство, во амбициозниот и достижен рок до 2030 година“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.

Тој додаде дека Планот е конкретна финансиска поддршка за доближување на македонската економија кон нивото на економиите на европските земји и за унапредување на македонскиот животен стандард и квалитет на живот кон европскиот.

„Овој европски инструмент за поддршка на реформите и развојот на Западен Балкан е во висина од 6 милијарди евра, за периодот 2024-2027 година. Се состои од 2 милијарди евра грантови и 4 милијарди евра концесиски заеми. И од нив, близу 1 милијарда евра може да користи Република Севрена Македонија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека заедничка цел со ЕУ е до април 2024 година да се направи првиот трансфер на пари кон Северна Македонија и другите земји од регионот.

„Ова значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за четири месеци од сега“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +