СДСМ е државотворна партија која гледа подалеку во иднината. Тоа е таа голема разлика меѓу политикантите и државниците. Со ВМРО-ДПМНЕ не знаете што ќе ви донесе утрото. Тоа се истите луѓе кои владееја 11 години. Истите кои за државните функции беа „закачени“ како метастази, вели во интервју за порталот Фактор заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
-Ниту се покајаа, ниту се променија. Со кој образ ќе бараат нова шанса?! Тенката жица на национализмот која со леснотија ни ја продаваат и по која нè тераат да одиме, тоа не е пат. Тоа е опасна манипулација. И велат – ние сме подобрата опција. Тие никогаш не биле добрата опција за Македонија. ВМРО ДПМНЕ никогаш не е добра вест, а не пак опција. Исти се како оние светски лидери од Истокот што плукаат по Западот, а децата им живеат во ЕУ, САД, Велика Британија, Канада., вели Лукаревска.
-СДСМ се води според реалните потреби на државата. И токму затоа, вистински се бројките кои покажуваат дека државата напредува и покрај наследството од претходната власт, но и светската пандемија, енергетската и економската криза, инфлацијата и растот на цените во светот како последици на војната во Украина. Во сите овие искушенија, и за нашата држава, добро е што ДПМНЕ беше опозиција, а за доброто на државата, добро е така и да остане, наведува Лукаревска во интервјуто за Фактор.