Интегрален текст од денешната прес-конференција на Антонија Тодоровска од СДММ:
Почитувани млади, почитувани студенти,
Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата предводена од СДСМ ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки.
Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.
Им помагаме и го унапредуваме стандардот на студентите од семејства со месечни примања до 50.000 денари.
Рокот за аплицирањето е продолжен и трае до понеделник, 25 декември. Ги повикуваме студентите да се пријават само преку електронскиот портал на министерството за образование.
Студентите е потребно да прикачат само неколку документи како доказ дека се студенти, трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.
Може да биде фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот.
СДСМ се грижи за студентскиот стандард на младите а со новиот финансиски пакет ги поддржуваме и учениците.
До 10.800 денари добиваат учениците од средно до крајот на школската година, и до 7.200 денари по ученик добиваат учениците од основно.
Со СДСМ секој добива повеќе, со СДСМ младите имаат повеќе!