14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевски: Дефинитивно денес СДСМ е помакедонска партија отколку ВМРО-ДПМНЕ

„Денес ВМРО-ДПМНЕ е носител на србизирањето на македонскиот идентитет, а СДСМ, за да не изгуби дополнителен број на гласачи се обидува да не дава отпор на таа политика. Инаку, дефинитивно, денес за мене СДСМ е многу помакедонска партија отколку ВМРО-ДПМНЕ“ изјави поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека работите се смениле од времето кога тој бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кога неговата партија била носител на идејата за самостојна и независна Македонија, истакнувајќи дека денес ситуацијата не е таква.

„ВМРО што го направивме ние во 90 година беше за самостојна и независна Македонија, а главен противник ѝ беше великосрпската политика. Денес кога го гледам ВМРО-ДПМНЕ како главен создавач на Македонија во српскиот свет, не можам да сфатам“ рече Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.