Најголема финансиска поддршка, фестивалот Охридско лето добива од државата. Главниот примат за успешна сцена е токму Министерството за култура, вели директорката на Наташа Поповиќ во утринското гостување на „Слободен печат“.
„Наша интенција е да обезбедиме и дополнителна поддршка од амбасадите во земјава. Успеав во тоа . Оваа година имавме 11 амбасади кои ги поддршуваа нивните уметници. Секогаш имаме вечер на ЕУ. Морам да кажам дека овие пет години настапуваат и грчки уметници. Се дотогаш немаше грчки уметници заради нашиот спор со името, а поддршка на фестивалот дава и грчката амбасада“, вели Поповиќ.
Дипломатите ги поддржуваат свите уметници, но со тоа се покажува соработката на Македонија со одредена земја во областа на културата и тоа е многу важно за нас како мала земја, вели Поповиќ затоа што ние се стремиме да бидеме и дел од европското семејство.
„Културата ги крши сите политички бариери. Ние уметниците не можеме да се канализираме во некој политички свет иако одреден број од сите нас е припадник на одредена политичка култура и тоа така треба да биде. Еве и јас сум, тоа не го кријам, но ги кршиме сите правила затоа што сакаме луѓето тие 2 часа да уживаат да се тргнат од политика, од проблемите…За политика не се збори во културата и како што кажа Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, дека во нејзиниот мандат ќе се бори да ја тргне политиката во културата, и до некаде успева и и честитам, но не знам дали ќе успееме“, рече Поповиќ.
Директорката вели дека мора да се стремиме да ја нема политиката во културата затоа што кодот на една нација е токму во неа, во културата.