-СДСМ обезбедува поддршка за сите граѓани, пред се за младите, го подобрува студентскиот и ученичкиот стандард. Новите мерки обезбедуваат финансиската поддршка за 120.000 млади од семејства со примања, до 50.000 денари, соопшти СДСМ.
„Во наредните 6 месеци по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година.
Со мерката се опфатени и 70.000 ученици од основното образование, кои во наредните 6 месеци ќе добиваат 1.200 денари месечно или вкупно 7.200 денари.
Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.
СДСМ им помага на граѓаните за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.
Со СДСМ секој добива повеќе.“ – се вели во соопштението.