13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Повеќе зелено, успешно спроведена акцијата на СДСМ за пошумување во Ресенско

Акцијата за пошумување којашто денеска ја реализира Социјалдемократската младина и СДСМ успешно беше спроведена во Ресенско.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Миле Зечевиќ Вардарски, Ивона Кузмановиќ, Менде Диневски, Наумче Мојсоски, Томе Христоски, Борче Петковски, Весна Томовска, Бети Рабаџиева, Методија Илиевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2.000 садници на потегот кај населеното место Штрбово, Ресенско.

-Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции. Пошумувањето е значајна и општествено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.