-Поради блокадата на опозицијата во македонското Собрание државата не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ. Иако целосно успешно заврши процесот на скрининг, иако нема нови услови и поддршката од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна, поглавјата останаа затворени поради политиката на блокади на ДПМНЕ и Левица, соопшти СДСМ.
„Мицкоски и ДПМНЕ се криви за блокадата на европскиот пат.
Со ДПМНЕ нема ЕУ, има изолација, неизвесност и стагнација.
Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија.
Граѓаните и конкретно се уверија дека единствен кочничар на европскиот пат е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица.“ – се вели во соопштението.