25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија во орбита, Азир Алиу: Следниот чекор лансирањето на сателитот

Северна Македонија, денес, ги потпиша Финалните Акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи. Според министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај УСПЕАВМЕ. Денеска Македонија има место и во ОРБИТАТА. Нашата Орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот!

Второто достигнување за нашата Земја на конференцијата е Дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези.

Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација