25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Потребата за решение е иста и за Фатмир и за Арта, Маја, Амра, Елвис – решението е во системски промени и влез во ЕУ

„Треба да бидеме корективнот кој ни е потребен, да гледаме во податоци, во предизвици, без порив за обвинување, туку со желба за подобрување. обвинување, туку со желба за подобрување. Со разбирање на поголемиот контекст кој се случува околу нас и разбирање на нашето место и улога во него. А потребата за решение е иста и за Фатмир и за Арта, Маја, Амра, Елвис“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на настан на Државен завод за статистика за проекција на население.

Тој додаде дека решението е во носење на системски промени и одлуки, кои носат предвидливост и доследност без разлика на политичката волја.

„Решението е во поттикнување и создавање услови и простор за реализирање на овие потенцијали. Да креираме едно општество во кое секој придонесува со својата посебност. Жени, маргинализирани групи, младите, старите луѓе, имигрантите, лицата со попреченост. Да сме отворени за можностите и да не се плашиме од промените и различностите. Ова значи да градиме поинклузивна и отворена држава“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека решението е и во завршување на интегрирањето во ЕУ и економски раст, со јасна визија.

„Токму затоа ја креиравме Националната развојна стратегија која е заедничка резолуција, визија за тоа каде сакаме да бидеме сите ние заедно со развојот на нашата држава во следните 20 години. Нејзината реализација треба да ги надминува личните и партиски приоритети, затоа што Националната развојна стратегија ги исцртува јасно нашите национални интереси“ рече Битиќи.