24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Зоран Иванов / Фото: Civilmedia.mk
.МАКЕДОНИЈА

Злодело без казна

Злодело без казна

ЗОРАН ИВАНОВ

Не, не станува збор само за урбана мафија туку за политичка мафија бидејќи, просто, без политичка мафија е неможна било каква друга финансиска ли, шверцерска ли, нарко ли, урбана ли, мафија сеедно, па сега да не трагаме и да не бараме примарни виновници во некаква урбана мафија како, на пример, случајот со дивото уривање на уставно заштитениот објект Шара ан во Старата скопска чаршија, на тој споменик на култирата, нели, на културата, и пак, на културата нели, на тоа наше национално благо кое, соопштува обвинителството, се крчмело цели дваесет месеци, кое се масакрирало и се уривало сред бели денови и тоа онака со вандалска страст ќерамида по ќерамида, ѕид по ѕид, се демонтирале врата по врата и се крчмеле прозорец по прозорец и во сите тие четиристотини, петстотини, значи не ден, два преку ноќ и во викенд, туку со казми и багери, од ден на ден цела година и кусур во низа и за целото тоа време сето пред очите на актулната особа чувар на таа непроценлива историска вредност која, наводно, појма да ти немала што токму во нејзиниот атар му се случува на тоа уникатно и генерациски заштитено национално благо па, еве пак, кажано во оваа една реченица, уште колку, во ова конкретно време, ќе ни се случуваат вакви и слични културни порази, вакви и слични културни руинирања какво што му се случи на сега веќе покојното Шара ан, чин кој и историски ќе биде регистриран како уште едно талибанско, па сепак наше оригинално злодело без казна.

Извор: Civilmedia.mk