27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: 2023 беше исклучителна година за културната област

Во Студио 10 на ТВ 24, Министерката за култура и потпретседателка на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска рече: „ 2023 беше исклучителна година за културната област – година на Ацо Шопов која истата ќе биде одиграна и низ балетскиот трипих „ молитви на моето тело’’ и ова беше исто така година на македонскиот јазик кој е програсен на културно-историско наследство. Ние како Влада уште во 2019 година предложивме 5 Мај да се празнува како ден на македонскит јазик и се надевам дека до крајот на годината ќе го изгласаме законот за употреба на македонскиот јазик бидејќи стариот закон е од 1998 година. ‘’

Бисера рече дека кон крајот на неделава заминува за Тирана на средба со министерката за култура на Албанија, за да се вратат украдените икони во земјата. Истите ќе треба да поминат период на конзервација и реставрација па потоа МПЦ ќе ги транслоцира.

„Пред повеќе од една година започна интензивната комуникација, проследена со неколку барања и писмо за намера до Градоначалничката на Град Скопје и конечно успеавме, после неколку месеци од донесувањето на Одлуката на Советот на Град Скопје, да постигнеме договор за пренесување на правото на реконструкција. Драго ми е што градската амдинистрација согледа дека сме спремни да ја направиме. Сакаме и ќе го вратиме сјајот на Универзална сала која беше културно собиралиште на Скопјани и симболот на светската солидарност кон Скопје. За три години од сега, па и порано очекувам дека ке ја имаме готова Универзалната сала. По завршување на целата документација, Министерството за култура веднаш ќе започне со интензивна работа и активностите ќе започнат уште месецов, за напуштеното градилиште да не продолжи да пропаѓа пред очите на скопјани и да не претставува безбедносен ризик за нив. По реконструкцијата, оваа сала ја вракаме на Град Скопје.“ – рече Костадиновска-Стојчевска.

Бисера рече дека фокусот и во наредната година е ставен на младите и нивното вклучување во проекти во културата, на македонскиот јазик и поддршката за културно информативни центри.

Бисера додаде дека СДСМ ја носи државата кон европски прогрес со заштитен идентитет и јазик а со самото тоа и подобар квалитет на живот на граѓаните.