28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Луксембург, Норвешка и Латвија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори за Република Северна Македонија на Големото Војводство Луксембург, Марк Хубиш, на нерезидентните амбасадори на Кралството Норвешка, со седиште во Белград, Кристин Мелсом и на Република Латвија, со седиште во Прага, Елита Кузма.

На засебните средби со амбасадорите, Османи им посака добредојде и успех во вршењето на функцијата.

Беше изразено задоволство од досегашниот развој на билатералните пријателски односи на Северна Македонија со секоја од земјите, а воедно и истакната посветеноста за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и воспоставување нови динамики на секторската соработка.

Беше реафирмирана поддршката на Луксембург, Норвешка и Латвија за ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија, домашната реформска агенда, како и за концептот за повеќе интеграција за земјите кандидати пред полноправното членство во Европската Унија.

Неопходноста од ефективна мултилатерална соработка во актуелниот геополитички контекст, особено во рамки на ОН, НАТО и ОБСЕ беа исто така тема на разговор.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК