27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

800 милиони денари за рамномерен развој на сите 80 општини

800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава.

Зоран БОЈАРОВСКИ

800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава.

Замислена како исчекор кон намалување на социо-економските разлики, поттикнување на единството меѓу руралните и урбаните области и подобрување на севкупната социјална благосостојба на нашите граѓани, за градоначалниците во општините оваа програма и финансиските средства издвоени за конкретни проекти се обврска да осигурат овие средства да се претворат во опипливи резултати за подобрувања на животот на сите граѓани во нашите општини.

„Се надевам дека овие финансиски средства за секој поединечен проект, максимално одговорно и совесно ќе ги искористат. Заедно треба да градиме инклузивна и одржлива иднина за сите наши сограѓани во државата, да создаваме можности за просперитет кој нема да познава граници“, изјави на настанот на кој беа потпишани договорите меѓу Владата и градоначалниците на 80 општини вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Фатмир Битиќи.

Одржливиот и инклузивен рамномерен регионален развој е од витално значење, тој ја поставува основата на просперитетот на општеството.

Финансиската поддршка за оваа година од 800 милиони денари или околу 13 милиони евра е наменета за 129 проекти за инклузивен регионален развој на создавање на можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини, во осумте плански региони.

Проектите се распределени во 4 групи и тоа проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност; проекти за подрачја со специфични потреби; проекти за развој на селата од програмата за Рамномерен регионален развој; и проекти за развој на урбани подрачја.

440 милиони денари се наменети за 29 регионални проекти кои ќе се реализираат преку осумте плански региони, додека пак 360 милиони денари се наменети за 100 локални проекти кои ќе се реализираат преку единиците на локалната самоуправа, а ги опфаќаат сите 80 општини за намалување на разликите во можностите за економски и социјален развој на граѓаните помеѓу урбаните и руралните средини.

За финансирање на проекти за развој на села Владата одобри 120 милиони денари за 39 проекти, кои ќе го забрзаат руралниот развој и ќе допринесат во премостувањето на јазот меѓу градовите и селата.

Инклузивниот присетап во поттикнувањето на рамномерниот регионален развој на проекти за развој на урбани подрачја, со која се одобрени 2 милиони евра за финансирање на 29 проекти за развој на урбаните подрачја во сите осум плански региони.

За развој на подрачја со специфични развојни потреби 120 милиони денари со кои општини и здруженија од целата држава ќе реализираат 32 проекти кои ќе бидат фокусирани на задоволување на специфичните развојни потреби на локалните заедници.

Она што е вредно да се издвои е дека оваа година поддршката за рамномерен регионален развој од 800 милиони денари, е речиси двојно поголема од минатата година кога беа поддржани 29 проекти во вкупна вредност од 422 милиони денари.

Од Владата велат дека политиките за рамномерен регионален развој се високо позиционирани меѓу приоритетите на извршната власт на Република Северна Македонија.

Децентрализација за зајакнување на општините за поголена непосредна придобивка за граѓаните

Во рамките на политиките за рамномерен регионален развој е и децентрализацијата со која што се овозможува зајакнување на локалнитe заедници, нивен развој и демократизација, како еден од важните реформски процеси кои се потребни за забрзан развој, но и рамномерен и праведен развој кој ќе одговара на потребите на граѓаните.

Фокусот на децентрализацијата на краток рок треба е ставен на зајакнување на општините преку подобрување на рамката за финансирање и зголемување на нивните надлежности, овозможувајќи висок степен на автономија, без притоа тој никако да не биде на штета на граѓаните, туку во нивна полза, бидејќи општините, како и сите други јавни институции, се сервис на и за граѓаните.

Составен и суштествен дел од овој процеси е и фискалната децентрализација за независност во постапување на општините за поквалитетни услуги за граѓаните. Токму поради тоа, граѓанинот мора да знае дека секој денар кој го плаќа има цел и тој ќе ги види резултатите од плаќањето на даноците.

За да зборуваме за било каква децентрализација мораме да зборуваме за услугите и квалитетот на услугите кои општините ги нудат како и перформансот на општините за тие услуги но и одговорностите кои тие ги преземаат кон граѓаните.

Фискалната децентрализација заедно со законот и 10 годишната стратегијата за Рамномерен регионален развој треба да осигура дека секој граѓанин е еднаков и има еднакви шанси.

Со стратегијата е предвидено дури 1% од БДП секоја година да се издвојува како инпут за подобрување на благосостојбата на регионите и намалување на регионалните нерамномерности. Во таа насока, за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој, Владата ја имплементираше дигиталната алатка „Сирера“ за целосна транспарентност и отчетноста на институциите и за точен преглед на сите инвестиции кои произлегуваат од националниот буџет и се инвестираат на регионално ниво.

Електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој, наречен „СиРеРа“, овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции, кои согласно нивните програми и буџети планираат и инвестираат финансиски средства од државниот буџет. Овој систем ја зголемува транспарентноста и отчетноста на институциите, ја подобрува комуникација помеѓу институциите и ја зголемува ефикасноста и капацитетот на програмите. „Серера“, којашто се реализираше со поддршка на Владата на Швајцарија како светски лидер на концептот за децентрализација и рамномерен развој, кога беше пуштена во употреба беше надополнета со 10 годишни историски податоци преку чија анализа лесно може да се утврди трендот на раст на инвестициите кои се поврзани со една важна тема како што е рамномерниот регионален развој.

Извор: Racin.mk