Интегрален текст од денешната прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ:
Со СДСМ пензионерите имаат повеќе и добиваат повеќе.
Новиот, 9-ти пакет антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.
Го штитиме животниот стандард на пензионерите и се грижиме за сите. Ветивме пораст па пензиите и континуирана финансиска поддршка и тоа ветување го исполнуваме.
Повеќе за сите е огледало на нашата грижа за сите.
Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка.
За 5 месеци тоа е поддршка од вкупно 15.000 денари и реална помош во услови на продолжена криза.
Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно.
За нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.
И тоа е повеќе за сите.
Исплатите на оваа финансиска поддршка пензионерите може да ја очекуваат веќе од втората половина на овој месец.
Со мерките и политиките на СДСМ никој не е оставен сам, а пензиите растат во континуитет.
Кога велиме повеќе за сите, ќе напоменеме дека СДСМ веќе ги покачи пензиите пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од врмето на ДПМНЕ.
Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година.
Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ.
СДСМ покажува што значи вистинска грижа за пензионерите, вистинска грижа за сите. Со СДСМ за сите има повеќе.