„Во комуникација сум со пратениците и очекувам до крај на годината да биде изгласан, односно во следните две недели да добиеме нов Закон за употребата на македонскиот јазик. Ги охрабрувам пратениците ова важно прашање да не се одлага ни ден повеќе“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“.
Таа додаде дека пред пратениците е целосно нов текст за Законот за употреба на македонски јазик, кој не е променет од 1998 година.
„Јазикот е жива материја и кога зборуваме од оваа временска перспектива тој не одговара на предвидените законски регулативи од 1998. Затоа на ова законско решение треба секој пратеник да покаже посебна одговорност и внимание, како еден од темелите на нашето културно и духовно богаство“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката истакна дека законот ги проширува областите во кои задолжително ќе се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо и додаде дека ова ќе подвлече да се прошири опсегот на задолжително лекторирани текстови што се објавуваат, зајанувајќи ја улогата на лекторите и нивната задолжителна присутноста во институциите.