24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пеце Талески од ОХО: Идејата за Петко и Фамилија 5 плус ми дојде чувајќи го моето дете

Пеце Талески продуцентот на ОХО често знае да каже дека идејата за креирање на Петко, му дошла додека го чувал своето дете работејќи како консултант за кампањи за подигнување на јавна свест. Времето поминато дома, му овозможило да гледа повеќе телевизија. Сфатил дека практично нема содржина за деца во тој период. Тој во „Што го врти светот?“ Раскажува за тоа, како ОХО почна со кампањата „Немаме резерва планета“, во училиштата, а порасна во најмоќна продукциска куќа за телевизиска програма кај нас. Тие ги продуцираат: Петко, Преспав, Радиус и многу други содржини.

Петко почна бидејќи имавме потреба за поголема јавност кампањата која веќе беше влезена во училниците, и ја работевме во Македонија, Албанија и Косово. Така ја создадовме емисијата со Петко. Кога стигнавме до одредено ниво, сфативме дека ни е потребно да направиме играна серија.

Слоганот на емисијата беше: Емисија за растење на деца и родители. Затоа што тоа оди заедно. Јована и Пеце се сложија дека има драматично поместување во однос на јавната свест за животна средина. Но, според двајцата има огромна потреба овие елементи да влезат во редовното образование за да имаме вистински импакт. Петко, според продуцентот Талески бил одлична основа за развој на Преспав како најпопуларна и единствена серија кај нас. Целиот разговор со Пеце Талески од ОХО продукција може да го видите на најновата епизода од „Што го врти светот?“ со Јована.