24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пеце Талески од ОХО: Сфативме дека само преку комедија како Преспав може да направиме општествено поместување

Пеце Талески од ОХО, продуцентот на и креаторот на Преспав, Петко (Фамилија 5+) и многу други содржини беше гостин во последната епизода од „Што го врти светот?“. Тој е и ко-основач а првата стриминг платформа кај нас – gley.mk. Наскоро почнува 7 Сезона на Преспав. Сепак, со Јована зборуваа и за почетоците на серијата која е омилена во македонските домови. Според Талески, кога започнувала идејата за Преспав, сфатиле дека тоа мора да биде комедија.

Сфативме дека мора да биде нешто кое ќе биде смешно и популарно. Мора да биде ситком. Само така можеме да отвориме процеси кои ќе направат поместување. Со криминална серија или со друг тип на играна серија не може да се направи тоа. Ќе стигнеш до определена публика и ќе бидеш лимитиран. -вели Талески.

Пеце зборуваше за предизвикот да се продуцира македонска серија, особено 7 Сезони. Преспав имаше и регионален успех, таа е единствена серија од кај нас која се емитувала во соседна Бугарија. Јована се обиде да открие и која е омилената епизода или епизоди на продуцентот на единствениот македонски ситком – Преспав. Секако се зборуваше и за 7мата сезона и тоа кои ликови ќе продолжат да не смеат. Јована и Пеце зборуваат и за тоа како ќе конзумираме ТВ и видео содржини во иднина и дали инфлуенсерството е така лесна професија како што изгледа.

Последната епизода од „Што го врти светот?“ со еден од најголемите претприемачи меѓу продуцентите, Пеце Талески: