Граѓаните кои одговараа на анкетата „Внимание, внимание’’ на „Трн.мк’’ рекоа дека случајот поврзан со убиството на Вања беше решен во најбрз можен рок и МВР јавно ги изнесе сите информации и ставија крај на сите шпекулации поврзани со случајот.
Граѓаните се задоволни од институциите и покажуваат огромна доверна кон нив. Според граѓаните институциите во кус временски период дале одговор на сите потребни прашања и најважното од се’ е дека сите осомничени за случајот на Вања се уапсени уапсен а тоа покажува дека во најкратка временска рамка МВР дејстувала и го затворила случајот.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.