22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

-Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.

Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите. Со оглед на тоа и другите околности, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Костова: Без Левица, Трајко Славески, непријателот на идејата за покачување минимална плата, немаше да биде Претседател на Совет на Град Скопје

ДЕСК

Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

ДЕСК

Поместени граници во ортопедска трансплантација – извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

ДЕСК