21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

253 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 29 мерки за некористење на сигурносен појас… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Гореа неколку автомобили во Скопје

ДЕСК

Ја измамиле за 2000 евра – еве на каква измама преку телефон падна пензионерка од Македонија

ДЕСК

Голема измама во Македонија: Се претставувал близок до министер и изнудил 1.5 милиона денари

ДЕСК