9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија и годинава без претставник на Евровизија

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска ни годинава нема да учествува македонска делегација.

„Со длабока тага потврдуваме дека Северна Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме“, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата „Икс“.

Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Последниот настап на Евровизија на Македонија беше во 2022 година.