10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мажoт кој го возел Палевски до Турција доби 48-часовен притвор

Судија го прифати предлогот и определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. од Струмица, кој го возел првиоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, преку Србија, Бугарија и Турција.

Обвинителството вчера побара притвор за лицето поради сомнеж за помагање. Од тука објавија дека С.Д. го управувал возилото со кое Палевски бил регистриран на граничните премини во Бугарија и во Турција.

Од Обвинителството посочија дека постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

Судот вчера определи 30-дневен притвор за четворицата осомничени за убситвата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Тие во судот стигнаа со силно полициско обезбедување, затворска облека и избричени глави.

Првоосомничениот Палевски кој беше посочен од министерот Оливер Спасовски како директен извршител на убиствата се очекува да биде во набрз можен рок екстрадиран од Турција, каде што вчера беше приведен.