Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Eдно лице повредено во сообраќајка во Струга

-Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген венто“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(58) од с.Заграчани, струшко и патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(33) од с.Радолишта, струшко, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген венто“, додека со телесни повреди се здобил возачот на другото возило, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК

Обвинителството со детали за трагедијата во која загина познатиот директор од Скопје – возачот на пасатот не се приддржувал кон прописите

ДЕСК

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НО И ПОЈАВА НА МАГЛА – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК