13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Царинските службеници на Ќафасан спречија обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.

-Имено на влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две товарни возила со цистерни коишто се пријавиле за транзит. Испраќач на стоката е фирма од Албанија, а примач фирма од Република Северна Македонија. Поради сомневање во поднесената документација и видот на декларираната стока товарните моторни возила се задржани за понатамошна контрола. Притоа земени се и мостри за лабораториско испитување.

Од добиените резултати од направената лабораториска анализа, како и од извозните документи добиени во соработка со албанската царинска администрација, е констатирано дека во двете товарни моторни возила – цистерни, наместо декларираното базно масло, има дизел гориво за кое увозните давачки во Република Северна Македонија се поголеми, односно дека е направен обид за избегнување на давачки во поголем износ при увоз на акцизна стока.

Вредноста на вкупната количина на дизел горивото во двете цистерни изнесува 3.121.626 денари за што царинските давачки изнесуваат 1.745.327 денари, соопшти Царината.

Возилата и горивото се привремено одземени и против сторителите се покренати соодветни судски постапки за кривично дело царинска измама по член 278а од Кривичниот закон.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Аеродром по мерка на граѓаните: концепт што создава, работи и се грижи

ДЕСК

Се ситни бројот на неработни денови – Еве кога ќе одмараме до Нова година

ДЕСК

Филипче: Со Ванчо Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.