15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Шкријељ: Собранието треба да биде храм на демократијата, но и таму гледаме насилни сцени

„Собранието треба да биде храм на демократијата, каде се разговара аругментирано, но за жал, гледаме насилни сцени. Нема да се согласам со реакциите на дел од јавноста која поддржува такво однесување. Наша улога како политичари, кои имаат пристап до медиумите, не треба да биде да реагираме така како што јавноста сака“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Градска.мк“.

Таа додаде дека понекогаш јавноста е бесна и бара агресивна реакција, но политичарите не треба да се обидуваат да ќарат политички поени и лајкови на социјалните мрежи со промовирање на насилно однесување.

„За жал, во Собранието имаме поттикнување на говор на омраза и нетрпеливост кон различни групи. Тоа е недозволиво. Исто како што е недозволив говорот на омраза на социјалните мрежи. Мора да научиме дека има разлика меѓу слобода на говор и говор на омраза“ рече Шкријељ.

Пратеничката додаде дека многу фактори влијаат на зголемувањето на агресивното однесување и аргументирање –разни шоуа и емисии и тоа што се пласира како вредност.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

C +

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

C +

Утрово, нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

C +