14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Целото општество е во тага, сочувство за семејството на Вања

-Сите сме во тага и голема болка, целото општество и сите наши граѓани тагуваат по загубата на 14 годишната Вања. СДСМ изразува сочувство до семејството, до сите роднини, пријатели, соученици, соопшти СДСМ.

„Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно, целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство и тоа е за поздравување.

Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни активности, покажаа посветеност и професионалност на високо ниво.

Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое го потресе целото наше општество.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +