Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Соопштение за јавност: Арсовска на Самитот COP28 ја презентираше биотехнолошката лабораторија на Град Скопје, која е прва од овој вид во Македонија и регионот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е учесник на Самитот COP28, кој се одржува во Обединетите Арапски Емирати, а во чии рамки светските лидери се состануваат за градење политики за климатските промени. Арсовска е дел од групата градоначалници, кои се учесници на грантовата програма на COP28 Локалниот самит за климатски активности, каде Град Скопје е претставен со успехот и отворањето на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот, која годинава Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ ја отвори во средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“. Еден од најважните елементи на Локалниот самит за климатски активности е вклучувањето на младите во активностите за креирање иновации и проекти преку кои ќе се обезбедат одржливи решенија.

Првата градска био лабораторија во Скопје, ја користат средношколците и студентите, професорите и претприемачите, сите кои имаат желба да се занимаваат со наука и сакаат да допринесат во општеството. Со оваа био лабораторија младите од скопските средни училишта отпочнуваат со процеси кои водат кон рециклирање и реупотреба на биоотпадот, ги развиваат своите потенцијали за креирање иновации.

Со отворањето на првата биотехнолошка лабораторија од страна на Град Скопје, УНДП и УНИЦЕФ, се формира Национална иницијатива за трансформација на биоотпад, био-хакирање и биотехнологии која поттикнува иновации, и инспирира ангажман и активности кај младите луѓе за изнаоѓање решенија за заштита на животната средина.

Во градската лабораторија се експериментира со трансформација на биоотпадот, има компонента за микробилогија и молекуларни методи кои се појдовна точка за eдукативна надоградба, и се работи на иновативни решенија во областа на биотехнологиите како на пример истражување на структурата на ДНК и работа на PCR машина.

Во рамки на Самитот COP28 се одржува Локалниот самит за климатски активности на кој учествуваат градоначалници и гувернери, препознаени за клучната улога во справувањето со климатските влијанија.
Под покровителство на Блумберг и Претседателството на Обединетите Арапски Емирати COP28 самитот на едно место ги собра сите светски лидери кои се обврзаа на забрзана климатска акција и градење политики за конкретна акција за одржлив социо-економски развој.

Можеби ќе ве интересира

орѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ

ДЕСК

Одржана четвртата седница на советот за превенција во Општина Илинден

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК