24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коп: После доаѓањето на Ковачевски и Петков за премиери, бугарските барања исчезнаа и се сведоа на само едно, внесувањето на малцинството во Уставот

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју објавено во емисијата “360 степени” емитувана на МТВ1 осврнувајќи се на македонско-бугарските односи и почетокот на преговорите изјави дека после доаѓањето на Ковачевски и Петков за премиери во Северна Македонија и Бугарија започнаа преговори низ кои бугарските барања исчезнаа и се сведоа само на едно – внесување на бугарското малцинство во Уставот.

Амбасадорот во интервјуто изјави дека Македонија го добила најдобриот можен договор со Бугарија и дека не е можна промена на преговарачката рамка.

Во текот на интервјуто амбасадорот Коп изнесе низа критики за дел од реформите во државата, особено во делот на судството и борбата против корупцијата, за што наведе дека се потребни одлуки кои може да не им одговараат на некои интересни групи.