24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петровска: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да нема техничка влада е признание дека Македонија одамна веќе не е заробена држава

Во интервју за порталот 24инфо.мк министерката за одбрана, Славјанка Петровска се осврна на барањето на ВМРО-ДПМНЕ претстојните избори да не бидат органзирани од техничка Влада.

Тоа, според Петровска е своевидно признание од страна на опозициската партија дека државата, институциите, се способни да организираат фер и слободни избори по сите стандарди.

„Фактот што ВМРО-ДПМНЕ денеска бара да нема техничка влада, значи дека сево ова што било причина за формирање на техничката влада во 2015 година, веќе не постои. Тоа значи дека Република Северна Македонија веќе не е заробена држава, дека институциите се способни да организираат фер и демократски избори без да има какво било полиитчко влијание и јас би рекла дека за мене како член на СДСМ и министер за одбрана, ова всушност е и комплимент“ истакна Петровска.