Јас сум свесна и јавноста е свесна дека особено Руската Федерација не сака да ја види Република Македонија како земја членка на ЕУ, меѓутоа, останува на нас, прогресивните сили во државата, тој пат кон ЕУ на нашата држава да го обезбедиме во иднина, порача во видео интервју за 24инфо.мк министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Според неа, трети држави не ѝ мислат добро на Република Северна Македонија и не престануваат со своите влијанија, но дека она што е добро, е што МО како институција и како држава ги препознава таквите влијанија.
„Сега за сега успешно се справуваме со нив, што значи дека институциите одговараат на тие предизвици. Тоа значи дека имаме добра координација во безбедносно разузнавачката заедница и внатре во државата и се разбира и со нашите партнери и во рамки на НАТО Алијансата и надвор од неа и ги споделуваме информациите што ние ги добиваме од нашата безбедносно разузнавачка заедница или пак ги добиваме од нивна страна. Влијанието, како што реков постои, но добро е што тоа се намалува, пред се поради активностите што ги преземаме и така ќе продолжиме и во наредниот период. Многу е важно, оние процеси кои се започнати во државата и кои значат напредок на државата, да продолжат во тој правец. Јас сум свесна и јавноста е свесна дека особено Руската Федерација не сака да ја види Република Македонија како земја членка на ЕУ. Меѓутоа, останува на нас, прогресивните сили во државата, тој пат кон ЕУ на нашата држава да го обезбедиме во иднина“ порача Петровска.