17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Средба Меџити-Рид: Обединетото Кралство дава поддршка за капитални инвестиции во нашето здравство

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити работната посета на Обединетото Кралство ја заокружи со средба со директорот на Агенцијата за извозни кредити на Владата, Тим Рид. Повод за овој работен состанок беше дефинирање на начинот за финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски клинички центар.

Обединетото Кралство го поддржува извозот за компании со која било големина и во сите индустрии, од капитални добра до услуги и нематеријални добра како интелектуална сопственост.

Изминативе денови, за планирањето на следните активности за новиот клинички центар, Меџити оствари средби и со специјалниот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, главниот оперативен директор на „International Hospitals Group“ (IHG) Симон Ешворт, заменик-шефот на одделот за здравство во Министерството за бизнис и трговија, Дејвид Шепард, како и со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија, Лорд Малколм Офорд од Гарвел.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник претепан во Куманово

ДЕСК

Крвава масовна тепачка го потресе Скопје синоќа меѓу десетина граѓани – со болнички пренесени повеќемина тешко повредени, има уапсени

ДЕСК

Ограбен сеф од локал во Скопје – полицијата во потрага

ДЕСК